Врз основа на најновите случувања на воведување на меѓусебни санкции помеѓу Руската Федерација и ЕУ, САД и останати земји сакаме да Ве информираме дека од денес 07.08.2014 год. Руската Федерација воведува целосно ембарго на увоз на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко и млечни производи од САД, Европската Унија, Австралија, Канада и Норвешка. Ембаргото кон горенаведените земји ќе трае една година, доколку не се донесе поинаква Одлука во случај да дојде до промена на ситуацијата.Бидејќи компаниите од Република Македонија не се опфатени со оваа Одлука сметаме дека е потребна благовремена и брза реакција во однос на насочување на капацитетите и интензивирање на соработката со Руските компании кои секако ќе имаат потреба од нови бизнис партнери.
Во таа насока на следниот линк Ви доставуваме листа со тарифни броеви за производи кои се под Ембарго, а кои Република Македонија може да ги извезува.