Според заменик-претседателката на руската Дума Љубов Слиска, особено интересни за руските инвеститори се туристичката и фармацевстката индустрија.Охрид, кој е бисерот на Македонија, може да им конкурира на швајцарските и црногорските туристички центри. Во тој контекст, македонската страна треба да привлекува руски инвеститори за развој на туристичката инфраструктура-рече Слиска,која учествуваше на семинарот РОС-РОТ во Скопје. Едностраното укинување на визите ова лето за руските граѓани во периодот на одморите е пријателски чекор од Македонија-оцени Слиска. Големиот стремеж на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО не му дозволува на македонското раководство објективно да си ги подреди економските приоритети, вели заменик-претседателката на руската Дума во изјава за ИТАР-ТАСС.