Претседателот на Македонска-Руска Стопанска комора г-дин Ѓ.Дика присутствуваше на отварањето на 15-та бензинска станица под брендот Лукоил во Р.Македонија. Одбележувајќи го овој мал јубилеен број, генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку, го изрази задоволството од постигнатото, но иинформираше дека моментно во изградба се уште три бензински станици. „По угледот на стандартите што Лукоил ги воведе во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици, се смени и целата концепција на сите наши други конкуренти на пазарот.Ова е за нас комплимент, но и обврска да бидеме секогаш пред сите, да бидеме иновативни и подобри„, изјави првиот човек на Лукоил во Македонија, кој за следните месеци најави повеќе новини во работата на компанијата, и тоа во однос на воведување нови, поеколошки и енергетски поефикасни горива. Зборувајќи за значењето на Лукоил за македонската економија, амбасадорот на Руската Федерација,Олег Шчербак оцени дека на оваа, една од водечките руски енергетски компании, и припаѓа значајна улога во развојот на економската и инвестициската соработка меѓу двете земји. Инаку, во изминатите пет години Лукоил Македонија вложи над 35 милиони евра во развојот на својата мрежа во Р.Македонија, а само лани во државниот буџет на република Македонија има уплатено над 40 милиони евра.