Познатата кримска винарија „Масандра“  го договори првиот извоз на вино откога Крим се одвои од Украина и се припои на Руската Федерација.Очекувано, првата пратка на „руското“ вино од Крим заминува  во маркетите во Белорусија.

„Масандра“ во својата колекција на ретки и стари вина има преку милион шишиња, а меѓу нив е е светски познатото Sherry de la Frontera     од 1775 година.

„Масандра“ е основана во 1842 година, а во изминатите години најголемиот извоз го остваруваше токму на рускиот, а сега – домашен пазар.