Клириншкиот долг од 60 милиони американски долари, Русија на Македонија ќе и го врати со учество во проектот на гасификација на Македонија. Со денеска потпишаната спогодба се затвора еден децениски проблем и истовремено се отвораат вратите за многу поголема енергетско-економска соработка меѓу двете земји, вели Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставревски. „Со тоа ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Република Македонија со ова добива 60 милиони америкаснки долари, средства кои ќе бидат искористени од наша страна за реализација на проекти и со наша контрибуција од 15-16 милиони американски долари верувам дека тоа ќе биде сосема доволно за успеспешно да започне проектот за гасификација на Р.Македонија и третто и можеби најзначајно, со ова практично добиваме можност за зголемена соработка со руската федерација, изјави Зоран Ставревски. Проектот на гасификација на Македонија е тежок околу 300 милиони евра, дел од средствата ќе треба да се обезбедат од македонската страна, а рускиот енергетски гигант „Газпром“ изразил подготвеност да учествува и во финансирањето на проектот со кој Македонија треба да стане дел од гасоводот „Јужен ток“. Постои можност преку Македонија да минува и еден од краците на овој стратешки, за Русија, трансевропски гасовод. „Ние се радуваме што ги средуваме старите долгови, а секако се отвораат можностите за реализација на проектите“, вели заменик министерот за финансии на Русија. Позицијата на Русија останува принципиелна, сметаат дека со решавањето на спорот ќе придонесе за стабилноста на регионот и остварување на аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.