Веќе се склучени договори со неколку македонски винарии, вели македонскиот амбасадор во Москва, Илија Исајловски, и се работи на промоција на оваа можност кај повеќе домашни вински куќи. Македонија не може да испорача големи количини, но тој недостаток се оправда со квалитетот на македонското слатко вино, вели Исајловски. Илија Исајловски, Амбасадор на РМ во Русија – Имевме разговори со руските цркви…. Најголем проблем е количината на испорака која Македонија може да ја даде, но сметам дека тој проблем го победуваме со квалитет и доколку македонските винарии ги исполнат критериумите кои веќе им се доставени, се надевам дека веќе од септември ќе имаме конкретна испорака. На полето на туризмот се преземаат мерки за привлекување на руски посетители во земјава. Оваа година за прв пат има организирано 6 директни чартер летови и се очекуваат околу 2.000 руски туристи во Македонија. Исајловски – Ако сега за летото бевме фокусирани на Охрид, се подготвуваме и за зимскиот туризам, кога се фокусираме на религискиот туризам… Македонија на руските сајтови е претставена како најефтина дестинација во Европа… Македонските компании се трудат да ги вратат позициите кои ги имаа порано на рускиот пазар, вели амбасадорот, да обезбедат поголемо учество, пред се во градежништвото, како водечки подизведувачи и во фармацијата.
Активности Mакедонско вино во руските цркви