На ден 29.04.2013 година во Скопје се одржа промоција на Маркетинг планот за поддршка на извозот на свежо овошје и зеленчук како и преработки од нив. Планот е изработен преку АгБиз проектот со поддршка на Инвест македонија, Министерствата за Економија и Земјоделство, шумарство и водостопанство.
На настанот свое учество имаа Министерот за Економија г-дин Ваљон Сарачини, како и Зам.Министер во МЗШВ г-дин Зоран Коњановски.
Во рамки на планот за извоз на овие продукти значајно место зазема и рускиот пазар како потенцијален за развој на соработката меѓу двете земји.