Во Сабота на ден 16.03.2013 се одбележа Рускиот традиционален празник МАСЛЕНИЦА. Претставници од Комората беа присутни на одбележување на празникот во Свети Николе, каде во организација на Славјанскиот Универзитет имаше пригодна програма. Гости на настанот беа и претставниците на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и многу истакнати стопанственици.