Претставници на МРСК на ден 19.04.2013 год, учествуваа на четвртата меѓународна научна конференција Исток-Запад која се одржа на МСУ Г.Р.Державин во Свети Николе.
Конференцијата беше свечено отворена од страна на ректорот на МСУ Г.Р.Державин Душан Николовски, од проректорот на ТГУ Г.Р.Державин Владимир Дмитриевич Мамонтов и градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев.
Конференцијата беше поделена во три работни групи:
1. Политикологија, лингвокулторологија и историја предводена од д-р.Јордан Михајловски и д-р Наталија Сафонова
2. Психологија и педагогија предводена од д-р. Стојан Пржовски
3. Економија предводена од д-р.Душан Николовски и д-р. Владимир Дмитриевич Мамонтов