Согласно досегашните резултати очекуваме во 2011 година повторно да се појави трендот на зголемена економска соработка со Русија во која преку неколку конкретни работи директно е вклучена и македонска-руска стопанска комора. Русија со оглед на светската економска состојба се повеќе ќе се наметнува како важен економски партнер на Р.Македонија, а во идните години тоа ќе биде се поизразено во сите сегменти на стопанството. Како потсетување комората имаше една посета од страна на партнерска комора од Русија во Март,2010 од Стопанската Комора на Ростов на Дон. А пак оствари посета на Стопанска Комора на Ростов на Дон во Октомври, каде оствари и учество на саемот БИЗНИС на ДОН 2010, притоа неколку компании членки на комората успеаа да остварат почетна соработка со руски компании. Исто така, Македонска Руска Стопанска Комора во 2010 година стана и официјален партнер на Стопанската Комора на Руската Федерација што претставува важен момент за понатамошниот развој на Комората. Притоа беше организатор за учество на уште еден голем саем „Саем за прехрана во септември 2010“ во Москва. На крајот како круна на годината беше учеството во состав на македонската делегација предводена од министерот и вице премиер Зоран Ставревски на седницата на меѓувладината комисија за научно-техничка и економска соработка која се одржа во Декември во Москва. На истата Комората беше застапена во делот на трговско економска работна група и на пленарната седница беше апсолутно позитивно истакната досегашната работа на Комората и од страна на рускиот ко-претседател на комисијата Максим Травников и од страна на Вице премиерот Зоран Ставревски. Притоа, ни беше доделена и задача во Септември оваа година во соработка со стопанската комора на Руската Федерација да организираме бизнис форум со директни Б2Б средби во Москва кој ќе се однесува на влезот на македонски производи на рускиот пазар. Ние сме длабоко уверени дека само на овој начин преку директни контакти ќе можеме да ја подобриме економската слика во однос на дефицитот кој го имаме со Русија.