По повод националниот празник 12 Јуни Денот на Руската Федерација, во х. Александар палас се одржа свечен прием, на кои беа присутни Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов, Премиерот Никола Груевски, Поглаварот на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија Г-дин г-дин Стефан како и други високи политички и деловни личности.
Претседателот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Ѓорѓи Дика во име на сите членови на Комората и во свое лично име го честита празникот на претставниците на Амбасадата и рускиот народ.