Македонска Руска Стопанска Комора го поздравува започнувањето на градежните р аботи од проектот на изградба на гасоводот од Клечовце до Штип.
Согласно Договорот на Владите на Република Македонија и Руската Федерација за искористување на средствата од клириншкиот долг започна еден од најважните проекти за Република Македонија.
Се надеваме дека наскоро целата земја ќе ги има потребните инфраструктурни решенија и ќе добие можност за поевтина и еколошка енергија.
На означување на почетокот на работите кои ќе ги изведува компанијата Стројтрансгаз од Русија по надзор на МЕР од Република македонија присуствуваше и директорот на комората г-дин Дејан Бешлиев.