Во рамки на посетата и учеството на саемот World food 2013 во Москва Извршниот директор на Македонска Руска Стопанска Комора беше дел од делегацијата предводена од Министерот за ЗШВ на РМ која ја посети Државната Дума на Руската Федерација. Во рамки на посетата беа одржани средби со пратеници од Руската Федерација кои се членови на бизнис лоби групата за поддршка на македонскиот бизнис при влез на рускиот пазар.