На ден 15.11.2011 председателот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Ѓорѓи Дика и директорот на комората г-дин Дејан Бешлиев заедно со Н.Е Олег Николаевич Шчербак Амбасадор на Руска Федерација во Република Македонија, и трговскиот советник при Амбасадата г-дин Александар Павлович Лесин, ја посетија фабриката ЛЕОВ во Велес , каде што од страна на сопственикот г-дин Трајче Леов беа запознаени за досегашната работа и идни планови.