Русија и Европската унија во Москва потпишаа договор кој овозможува извоз на европски зеленчук во Русија, објави информативна служба на Европската комисија. Како што се наведува во соопштението од Брисел, секоја земја на ЕУ која извезува свеж зеленчук во Русија ќе биде обврзана во одреден временски период да издаде сертификати кои ќе го потврдат потеклото на производот и отсутство на бактеријата ешерихија коли 104, предизвикувач на епидемијата во Европа.
Активности Потпишан договор за извоз на европски зеленчук во Русија