На ден 14.09.2010 год. Во Москва беше потпишан Договор за соработка помеѓу Македонска Руска Стопанска Комора и Стопанската Комора на Руската Федерација. Договорот е значаен поради фактот дека на овој начин Македонска Руска Стопанска Комора станува партнер со најголемата Руска Комора која воедно претставува и главен регулатор на економските односи на компаниите од Руската Федерација со компании од други земји. Договорот го потпишаа г-дин Георги Георгиевич Петров заменик претседателот на Стопанската Комора на Руската Федерација и г-дин Бешлиев Дејан-директорот на Македонска Руска Стопанска Комора.
Активности Потпишан Договор за соработка помеѓу МР СК и СК на РФ