Врз основа на заклучокот од осмата меѓувладина седница за трговско-економска и научно техничка соработка во организација на Македонска Руска Стопанска Комора и Регионалната Стопанската Комора на Ленинградската област ТПП во Санкт петербург од 26-28.11.2014 год. се одржаа Б2Б средби помеѓу претставници од двете комори. Во рамки на средбата беше потпишан Договор за Соработка помеѓу двете комори од страна на Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Дејан Бешлиев и Претседателот на Ленинградската Регионална Стопанска Комора г-дин Сергеј Валентинович Пољаков.
Овој Договор ќе претставува основа за идни заеднички средби помеѓу бизнисмени од двете комори. Исто така, на покана од Македонска Руска Стопанска Комора на средбата присуствуваше и претставникот на Агенцијата за Странски Инвестиции на Република Македонија Г-дин Мирослав Тренчевски, кој изврши презентација на инвестициските можности и воедно ги претстави и ТИР Зоните во Република Македонија.

Од Руска страна свое обраќање имаше г-дин Кирил Бобров кој се очекува да биде новиот трговски советник во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а кој ги потенцираше моменталните економски односи и соработка меѓу двете земји.
На овие Б2Б средби од Република Македонија учествуваа компаниите АГРОЛОЗАР, ДАЛВИНА, ЗОИ УНИОН, АГРОФРУКТУС, ДУШАН ЌИРИЌ, ДОНИА, ПЕРМИНДЕКС – ВАРДАР ГРАДСКО, ЗДРАВЈЕ РАДОВО. ВОРИ и ФРУКТАНА.