Во Санкт Петербург беше потпишана спогодбата за Клириншкиот долг од 60 милиони американски долари, Русија на Македонија ќе и го врати со учество во проектот на гасификација на Македонија. Со потпишаната спогодба се затвора повеќегодишно прашање и истовремено се отвораат вратите за многу поголема енергетско-економска соработка меѓу двете земји. „Со тоа ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји. Република Македонија со ова добива 60 милиони америкаснки долари, средства кои ќе бидат искористени од наша страна за реализација на проекти и со наша контрибуција од 15-16 милиони американски долари верувам дека тоа ќе биде сосема доволно за успеспешно да започне проектот за гасификација на Р.Македонија и третто и можеби најзначајно, со ова практично добиваме можност за зголемена соработка со руската федерација, изјави Зоран Ставревски. Проектот на гасификација на Македонија е тежок околу 300 милиони евра, дел од средствата ќе треба да се обезбедат од македонската страна, а рускиот енергетски гигант „Газпром“ изразил подготвеност да учествува и во финансирањето на проектот со кој Македонија треба да стане дел од гасоводот „Јужен ток“. Постои можност преку Македонија да минува и еден од краците на овој стратешки, за Русија, трансевропски гасовод.