На 10 Февруари се одржа прес конференција посветена на 19-тиот меѓународен саем за прехранбени продукти, пијалоци и суровини за нивно производство «Продэкспо-2012» , која ќе започне на 13 Февруари во «Експоцентр»- Москва. Имено, «Продэкспо» – е најголемиот саем во Русија и Источна Европа за прехранбени продукти, кој постојано го привлекува вниманието на сите учесници од рускиот и меѓународниот производен пазар, владите, како професионалните екперти во општествата.Вкупниот број на учесници во 2012 година ќе брои 2100 . На саемот ќе бидат претставени компании од 54 земји , во тој број 30 национални експозиции . Организацијата во рамки на саемите на национални експозициии значи, дека владите на тие земји го сметаат рускиот пазар како перспективен и ги спонзорираат своите учесници.„За прв пат на «Продэкспо» со национален штанд ќе учествува и Република Македонија. Експозицијата е организирана од Македонска Руска Стопанска Комора и Амбасадата на Република Македонија во РФ“.Како што соопшти вториот секретар на Амбасадата на Република Македонија во РФ Симон Каневче, за време на саемот ќе има посета од владина делегација на чело со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и негова средба со Министерот за земјоделство на Руската Федерација.