Во рамки на саемот ПродЕкспо 2014 посета на македонскиот национален штанд оставри и Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов.
Во едночасовната посета тој изрази задоволство од организираниот настап на македонските винарии на рускиот пазар. Во разговор со директорот на Македонска Руска Стопанска Компра г-дин Дејан Бешлиев Претседателот Иванов беше информиран за активностите кои оваа институција ги превзема со цел промоција на македонските капацитети пред руските партнери.
На средбата учествуваше и Амбасадорот на РМ во РФ г-дин Илија Исајловски. Амбасадорот Исајловски е многу заслужен за добрата соработка помеѓу МЗШВ и Македонска Руска Стопанска Комора во организација на овој тип на настани.