Процесот на приклучување на Русија на Светската трговска организација е забрзан, изјави генералниот директор на СТО Паскал Лами. Како прво, билатералните преговори меѓу Русија и САД од една и Русија и ЕУ од друга страна се при крај, а второ, руската Дума (долниот дом на парламентот) во последно време изгласа повеќе закони, кои потоа ќе ги усвојат, што е еден од предизвиците за приклучување на Русија во СТО, изјави Лами.