Во организација на Македонска Руска Стопанска Комора и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ беше поставен македонски штанд со тема „Вината од Македонија“ на саемот за вино ПРОДЕКСПО 2012 во Москва. На саемот кој се одржа од 13.02 до 17.02.2012 год. беа претставени винариите СКОВИН -Скопје, Попова Кула – Демир Капија, ДАЛВИНА – Струмица, ТИКВЕШ – Кавадарци, СТОБИ- Градско и ШАТО СОПОТ- Велес. Во рамки на саемот беа одржани голем број насредби со потенцијални партнери од Руската Федерација, а дел од винариите потпишаа и договори за конкретна соработка.