Од 10.02.2014 до 14.02.2014 година во Москва се одржа саемот Прод Експо 2014. На саемот трета година по Република Македонија е застапена со национален штанд за вино. Имено, во организација на МЗШВ и Македонска Руска Стопанска Комора беше организирано учество на пет компании винопроизводители од Македонија и тоа: ТИКВЕШ, СКОВИН, ДАЛВИНА, ГД ТИКВЕШ и СТОБИ. Оваа година за прв пат учество на штандот имаше и компанијата Здравје од Радово која настапи со програмата на сирења.