На ден 22.10.2014 во хотел Русија во Скопје се одржа свечена промоција на 4 тото издание на бизнис каталогот По еден пат со светот во издание на членката на комората маркетинг агенцијата Елита од Скопје.
На промоцијата свое учество имаа Зам. Министер за надворешни работи г-ѓа Драгана Кипријановска, Амбасадорот на РФ во РМ г-дин Олег Николаевич Шчербак и директорот на Македонска Руска Стопанска Комора Дејан Бешлиев.
Свое обраќање на настанот имаа Амбасадорот О.Н Шчербак, како и директорот Д. Бешлиев.

Промоцијата се одржа пред голем број гости, претставници на парламентот на РМ, градоначалници од повеќе општини како и членови на комората застапени во каталогот.