Македонска Руска Стопанска Комора на покана на претставници на бизнис заедницата од Тамбовската област оствари промоција на македонското вино и култура во градот Тамбов. Имено, при промоцијата на виното на винаријата ДАЛВИНА која се јавува како член на комората руските стопанственици имаа можност да уживаат и во настапот на групата СИНТЕЗИС. Ваквиот начин на претставување на македонките вина е вистинскиот патоказ за во иднина. На промоцијата присуствуваше и Амбасадорот на РМ во РФ г-дин Исајловски Илија. Исто така во организација на Комората беше одржана и средба помешу Гувернерот на Тамбовска област и Амбасадорот. На средбата учествуваше и директорот на Комората г-дин Дејан Бешлиев.