Македонска Руска Стопанска Комора беше дел од настанот кој се одржа во х. Александар Палас по повод промоција на спотот и најава на еднонеделно известување за Македонија од страна на светски познатиот CNN. Имено во програмата I-list Macedonia ќе биде прикажани поединости карактеристики од политичкиот, економскиот и социјалниот живот во Република Македонија. На промоцијата беа присутни вице премиерот Владимир Пешевски, министрите за земјоделие, водостопанство и шумарство Г-дин Љупчо Димовски, министерот за информатичка технологија Иво Ивановски, гости од дипломатскиот кор како и претставници од бизнис заедниците во Република Македонија.