Во Скопје на ден 29.04.2013 година беше промовирано третото издание на книгата ПО ЕДЕН ПАТ ВО СВЕТОТ во издание на маркетинг агенција ЕЛИТА од Скопје.
На промоцијата свое учество имаше Амбасадорот на РФ во РМ г-дин Олег Николаевич Шчербак, економскиот советник при Амбасадата Г-дин Александар Павлович Лесин.
Исто така, меѓу гостите имаше голем број на градоначалници од општините застапени во изданието.
Издавањето на книгата во име на членовите на Македонска Руска Стопанска Комора го поздрави и директорот Г-дин Дејан Бешлиев.