За време на одржување на саемот ПРОДЕКСПО 2012 во Москва се одржа и работна средба помеѓу Министерот за ЗШВРМ Љупчо Димовски и Зам.Министер за регионален развој на РФ Максим Травников. На средбата присуствуваа и Амбасадорот на РМ во РФ Илија Исајловски какои директорот на Македонска Руска Стопанска Комора Дејан Бешлиев. Целта на оваа средба беше утврдување на досегашните резултати од договорите на меѓувладината комисија како и разгледување на нови можности за пласман на македонското вино и земјоделско прехранбени продукти од Република Македонија на рускиот пазар.