Во состав на официјалната делегација на Министерот за ЗШВ на РМ г-дин Михаил Цветков при посетата на рускиот министер за земјоделство Александар Ткачев свое учество имаше и извршниот директор на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Дејан Бешлиев.
Притоа во рамки на посетата беше одржана и работна средба на работните групи за земјоделство од двете земји со цел постигнување на договор за преференцијален статус на македонски производи при узвоз во Руската Федерација.