На ден 07.12.2011 год. Директорот на Комората г-дин Дејан Бешлиев оствари работна средба со г-дин Крум Ефремов од МНР – сектор за економска дипломатија. На средбата беа водени разговори за евентуалните можности за укинување на визниот режим за македонските граѓани кои патуваат во Руската Федерација. Ова е особено важно за Комората, ако се знае дека голем број на стопанственици и транспортери кои се воедно и нејзини членови, имаат континуирана потреба од патување во Руската Федерација.