На ден 20.09.2010 год. Во просториите на Македонска Руска Стопанска Комора се одржа работен состанок со претставници од факултетот за Земјоделски науки и храна во интерес на воспоставување соработка со факултетот за земјоделие од Руската Федерација. На ден 21.09.2010 год. Со претставниците на Скопски саем е одржан состанок во насока на соработка на Скопски саем со саемите од Русија, а секако со посредување на Македоснка Руска Стопанска Комора. На ден 22.09.2010 год,. Во Свети Николе беше одржана работна средба помеѓу директорот на Македонска Руска Стопанска Комора Дејан Бешлиев и директорот на Славјански Универзитет –Свети Николе која имаше за цел активирање на соработката согласно потпишаната спогодба во Март 2010.