Home МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА: ПРОМОЦИЈА НА „МАКЕДОНСКИОТ ИЗЛОЖБЕНО-ТРГОВСКИ ДОМ ВО МОСКВА“

МАКЕДОНСКА-РУСКА СТОПАНСКА КОМОРА: ПРОМОЦИЈА НА „МАКЕДОНСКИОТ ИЗЛОЖБЕНО-ТРГОВСКИ ДОМ ВО МОСКВА“

Во организација на Македонска – руска стопанска комора ќе биде извршена промоција на „Македонскиот изложбено-трговски дом“ во Москва, формиран во функција на зголемување на пласманот на македонски производи на пазарот на Руската Федерација.
На деловниот настан ќе присуствуваат Никола Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија и други преставници на амбасадата, Н.Е. Гоце Карајанов, амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, како и гостите Роман Викторович Дунко, потпретседател на Московската стопанска Комора, Илја Владимирович Платонов, виш советник на потпретседателот на Московската стопанска Комора, Виктор Тузарович Камболов претседател на управата на Евроазискиот деловен сојуз, како и Инна Жарова и менаџментот на „Македонски дом“ од Москва.
Настанот ќе се одржи на 23.02.2017 год. (четврток) со почеток во 11.00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Одделение за информирање на Македонска-                      руска стопанска комора