Home ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ВО МАРТ КАЈ АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ПОРАСНАЛЕ ЗА 24 ОТСТО

ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ВО МАРТ КАЈ АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ПОРАСНАЛЕ ЗА 24 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот (според класификацијата COICOP) во март 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 101.4.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.3%, тутунот за 2.6%, безалкохолните пијалаци за 0.8%, другите пекарски производи за 0.7%, полномасното млеко, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.5%, замрзнатото овошје за 0.4%, брашното и другите житарици за 0.2%.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 24.2%, болничките услуги за 6.6%, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека за 6.2%, телефонските и факс услугите за 5.9%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 4.4%, парамедицинските услуги за 4.3%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3.8%, туристичките аранжмани за 2.5%, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1.9%, велосипедите за 1.3%, услугите за одржување на станот и услугите за култура за 0.9%, стоматолошките услуги за 0.6%, течните горива за домаќинствата за 0.5%, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, информатичката опрема, книгите и угостителските услуги за 0.4%, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите прекривки за под и текстилот за домаќинство за 0.3%, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, другите медицински производи, услугите и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3.6%, другите преработки од риба и морски плодови за 1.4%, оризот и компирот за 0.9%, јогуртот за 0.5%, житариците, рибата и морските плодови за 0.3%, месото, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за фиксни телефони за 4.5%, средствата за чистење и одржување на станот за 1.5%, облеката, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти и другите услуги, неспомнати на друго место за 0.8%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинство за 0.6%, лековите за 0.5%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.3% и обувките за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, бележи пораст од 0.6%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.5%.