Груевски изрази задоволство што изминатите денови претседателот на државата Ѓорге Иванов и заменик претседателот на Владата Зоран Ставрески имаа успешни средби во Русија, каде се договорија неколку знaчајни работи за изградба на гасоводот. – Русија даде согласност Македонија да биде вклучена во гасоводот Јужен поток, што е многу значајно за нас, за нашата идна енергетска сигурност. Долго време работевме на овој случај. Лобиравме низ повеќе држави така што ова е круна на напорите што се правеа еден подолг период. Исто така, е потпишана и согласноста што наскоро треба да биде ратификувана во парламентите, со која ние го решаваме клириншкиот долг со Русија на начин што околу 60 милиони долари ќе бидат инвестирани во изградба на нашиот гасовод. Гасоводот нема да чини толку, ќе чини повеќе, рече Груевски. Останатите средства, додаде тој, ќе ги обезбедиме од буџетот и од Европската банка за обнова и развој. Во моментов гасоводот е во фаза на проектирање.
Активности Русија даде согласност