Русија оваа година двојно ќе го зголеми извозот на нафта во Јапонија на 18 милиони тони, за да и помогне на земјата во обновата по разорниот земјотрес и цунамито, изјави рускиот заменик-премиер Игор Сечин. Сечин додаде дека јапонските компании можат да се придружат на рускиот енергетски гигант „Газпром“ во истражување на две големи наоѓалишта на гас, вклучувајќи го полето „Ковикта“ кое содржи резерви од 2 билиона кубни метри гас.