Скопје, 8 Април. /Корр. ИТАР-ТАСС Александр Борисов/. Раководството на Република Македонија /РМ/ прави напори за зголемување на трговско-економската соработка со Руската Федерација. Како што истакна денес премиерот Никола Груевски, “Русија е важен инвестиционен партнер на РМ и ние сме заинтерирани за утврдување на нашата заедничка соработка”. За реализација на таквата идеја делегација под раководство на вице-премиерот, и министер за финансии РМ Зоран Ставрески отпатува во Русија од 8 до 12 Април . Планирана е посета на Ростов-на-Дон, Краснодар и Сочи, каде ќе има средби со бизнисмени од регионите и представници на Стопанските комори од овие краеви. Покрај тоа, на средби и преговори на преставниците на Македонија со раководството на администрацијата на Краснодарскиот крај ќe се разгледаат и прашањата за развој на взаемната соработка и презентација на инвестицискиот потенцијал на РМ.