Рускиот премиер Владимир Путин го потпиша протоколот неопходен за завршување на процедурата за приклучување на Русија во Светската трговска организација (СТО).Во средината на Ноември работната група за присоединување на РФ во СТО донесе пакет на документи кои беа одобрени од Руската влада на 13 декември. Според тоа, Протоколот за членство на Руската Федерација во СТО, вечерва во Женева на министерската конференција на Организацијата ќе биде потпишан од руската министерка за економски развој Елвира Набиулина.На конференцијата ќе присуствува и првиот Вице премиер на Руската Влада Игор Шувалов, кој долги години го следеше и водеше процесот за членство во СТО.Потоа Русија во рок од 220 денови ќе треба да го ратификува документот во Парламентот.Русија најдоцна до 23 јуни 2012 година, односно 30 дена откако рускиот претседател ќе го ратификува документот, ќе стане полноправна членка на СТО.