Руската Влада има намера за пет години делумно да ги приватизира најголемите компании и банки за вкупно 50 милијарди долари. Состојбата на пазарот оди во прилог на продажбата, која нема да ја спречинегодувањето на некои менаџери, изјави рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин.