Во организација на Македонска Руска Стопанска Комора а со поддршка на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на РМ во период од 13-16.09.2011 беше закупен штанд од 120 м2 на саемот МИР ПИТАНИЕ 2011 во Москва. На саемот учествуваа претставници на 15 македонски компанииод три сектори и тоа: Производители на свежо овошје и зеленчук, преработувачи на зеленчук и овошје и винопроизводители.