Во период од 11.02.-15.02.2013 во Москва се одржа саемот за вино и пијалоци ПРОДЕКСПО 2013. И оваа година Македонска Руска Стопанска Комора во заедничка организација со Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија организираше настап на шест македонски винарии на саемот. На националниот штанд под брендот Вина од Македонија свое учество имаа винариите СКОВИН, ТИКВЕШ, СТОБИ, ДАЛВИНА, ШАТО КАМНИК и ВИНАР.