Македонска Руска Стопанска Комора во соработка со Министерството за ЗШВ на РМ и Асоцијацијата на преработувачи МАП организираше учество на саемот WORLD FOOD 2012 во Москва. На саемот се презентираа 12 македонски компании. Шест компании од секторот производители на свежо овошје и зеленчук и шест компании преработувачи. Саемот се организира втора година по ред како национален штанд под бредот Вкусовите на Македонија.