Во период од 16.09-20.09.2013 година во Москва се одржа саемот за свежо и конзервирано овошје и зеленчук World food 2013. И оваа година по петти пат на саемот свое учество во организација на Македонска Руска Стопанска Комора, а со поддршка на Министерството Земјоделие, шумарство и водостопанство имаа 12 компании од Република Македонија. Компаниите учеснички имаа оптимална можност преку директни средби со потенцијалните руски клиенти да воспостават контакти и почетби Договори.На штандот беа присутни и компании кои веќе редовно учествуваат и кои оставруваат забележителни резултати во извозот на свежо и конзервирано овошје и зеленчук.