Македонска Руска Стопанска Комора организираше учество на саемот МИР ПИТАНИЕ 2009 кој се одржа од 15-18.09.2009 во Москва. На штандот на Македонска Руска Стопанска Комора кој беше закупен со помош на средства од АгБиз програмата при УСАИД свое учество имаа компаниите АГРОЛОЗАР, ГД ТИКВЕШ, РУДИНЕ ММ и МАЛЕШ ПРОДУКТ. Саемот го посетија и претставници на компанијата БЛАГОЈ ЃОРЕВ . Ваквиот начин на организиран настап на македонски производители на рускиот пазар се случи за прв пат во 18 години и истиот се покажа за исклучително успешен. Имено, компаниите остварија голем број на контакти од кои висок процент беа оценети како сериозни. Притоа, две компании склучија договори за испорака на своите производи на рускиот пазар.