Во период од 05.07-07.07.2012 год. во Нижни Новгород во Руската Федерација се одржа шестата Меѓувладина комисија за трговско-економска и научно техничка соработка. На седницата под раководство на двајцата ко-претседатели Зоран Ставревски и Максим Травников беа одржани работни седници по работни групи како составни делови од комисијата. Македонска Руска Стопанска Комора преку извршниот директор Дејан Бешлиев беше застапена во работната група за трговско економска соработка. Една од главните точки од работата на комисијата беше Договорот за започнување на соработката со Стројтранс газ при исполнување на клириншкиот долг.