На ден 31.01.2012 год. Македонска Руска Стопанска Комора одржа седница на Редовно Годишно Собрание. На седницата беа разгледани и усвоени извештајот за финансиското работење, како и извештајот за работа на Управниот Одбор на Комората. Собранието, исто така, согласно член 22 од Статутот на Комората донесе Одлука за промена на висината на членарината за 2012 год. Притоа беше усвоена и Програмата за работа на Македонска Руска Стопанска Комора за 2012 година. Новите вредности на членарината се објавени на веб страната на Комората. Притоа, Собранието согласно член 25 од Статутот на Комората, донесе Одлука за промена на еден член на У.О. Имено, статусот на член на У.О му престана на г-дин Петар Санев од компанијата БЕАС-С. За нов член на У.О на Комората е назначен г-дин Орце Димитровски од компанијата ПАЛТЕКС.