Во период од 07-11.10.2009 год. Македонска Руска Стопанска Комора со претставници на членови компании на Комората и тоа: Тутунски Комбинат -Прилеп, Бовин- Неготино, Далвина- Струмица, Гема Пласт- Гевгелија, Бетон – Штип и Алкалоид -Скопје остварија посета на Комората на Ростовска област. Посетата претставуваше извонредна можност за воспоставување на контакти со руски партнери. За таа цел на 08.11.2009 се одржа отварање на македонска- ростовска берза на економски податоци која ќе има за цел запознавање на компаниите со взаемните интереси преку Македонска Руска Стопанска Комора и Ростовска Стопанска Комора. При посетата беа посетени компаниите Донски табак, Балтика, Ростов мир, а исто така имаше средба и со министерот за економија на ростовска област.
Активности Состанок на членките