Во просториите на УСАИД АгБиз програмата се одржа состанок во врска со организирање на националниот штанд на Република Македонија на саемот за овошје и зеленчук МИР ПИТАНИЕ 2010 во Москва. Притоа, се донесе заклучок дека и оние компании кои се заинтересирани за посета на истиот може да се обратат во Македонска Руска Стопанска Комората за детални информации за саемот, патувањето и сместувањето.