Во просториите на АгБиз програмата за подршка на извоз на земјоделски производи од Република Македонија се одржа средба меѓу претставниците на Комората и АгБиз со цел започнување на подготовките за учество на саемот за свежо овошје и зеленчук во месец Септември во Москва. На средбата беа присутни и претставници од компаниите кои се заинтересирани за учество на истиот.