На ден 11.08.2014 година, во Министерството за Земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија се оствари заедничка средба на Министерот за ЗШВ на РМ г-дин Михајло Цветков со Амбасадорот на РФ во РМ Н.Е Олег Николаевич Шчербак и Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Дејан Бешлиев.
На средбата беа разгледани актуелните прашања околу санкциите на РФ кон земјите од ЕУ, САД, Канада, Австралија и Норвешка како и можноста за итно интензивирање на активностите на македонските производители во однос на испорака на продукти во Руската Федерација.
Исто така, Министерот беше запознаен со досегашната соработка помеѓу МРСК и Министерството, а воедно се разговараше и за претставувањето на македонските компании претстојниот саем МИР ПИТАНИЕ 2014 во Москва.