На ден 24.11.2008 год. Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора, Г-дин Дејан Бешлиев и Министерот советник при Амбасадата на РФ, Г-дин Лесин беа на работен состанок кај заменик Министерот за економија Методиј Х. Васков.На состанокот присуствуваше и Г-ѓа Нона Шишковска, која е секретар на меѓувладината комисија. Целта на состанокот беше да се обнови работата на работната група за трговско економска соработка при меѓувладината комисија. Сметаме дека на тој начин ќе се подигне нивото на соработка и ќе се предизвика интерес за одржување на седницата на комисијата.